Џон Тери е најуспешниот капитен во историјата на Челси, па иако негова голема желба е да му оди добро на тимот кој го предводи Енцо Мареска, истовремено е и максимално реален и објективен.
Тери верува дека Челси се уште не може да се бори за титулата во Премиер лигата, а според него, оваа сезона има само еден изразит фаворит за трофејот, екипата на Ливерпул.
– Ливерпул е тимот кој треба да се победи и сметам дека титулата е нивна оваа сезона. Се е предодредено за нивно ново славје. Сметам дека имаат голема мотивација и поради тажната загубна Диого Жота.
– Поради таа причина, се надевам дека Ливерпул ќе ја освои титулата и дека ќе успее во таквата намера. Ливерпул изгледа најсилен меѓу фаворитите, а Манчестер Сити одново изгледа ранливо.
– Челси? Не сум сигурен дека Челси има доволно искуство да оди до самиот крај, но исто така, не сакам ниту да им правам притисок со поинакви прогнози. Јас лично сметам дека титулата е резервирана за Ливерпул и им посакувам среќа, – вели Тери.