Дончиќ го опиша словенечкиот тим со еден збор по елиминацијата од Евробаскетот

Дерби

11/09/2025

14:22

891

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ имаше ново брилијантно издание на Евробаскетот и уфрли 39 поени во четвртфиналето против Германија, но за жал не беше доволно свеж и прецизен во самата завршница, период во кој фаворитот успеа да покаже поголема смиреност и одлучност за да стигне до победа.

Иако беа во добитна ситуација во добар дел од мечот, Словенците на крајот мораа да се помират со тежок и болен пораз, но и покрај огромното разочарување, кај Дончиќ очигледно преовладува едно чувство.

Лука по крајот на натпреварот не сакаше да зборува премногу за судиите и не ги коментираше контроверзните одлуки, ставајќи го на прво место тимот кој покажа неверојатна храброст и заедништво на овој турнир.

Дончиќ го стави тимот во прв план и кога речиси сам ја победи Италија во осминафиналето, а сега употреби само еден збор на социјалните мрежи за да опише што чувствува за своите соиграчи.

– Гордост, – гласи пораката од словенечката ѕвезда.