УЕФА ја објави фудбалската магија на Елмас од Скопје, Елиф им порача: Вратете ми го голот!

Дерби

12/09/2025

13:30

607

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас режираше фудбалска магија на „Тодор Проески“ и ги крена на нозе сите присутни на трибините, но за жал, неговата магија беше препишана како автогол од страна на УЕФА и Македонецот остана без најдобриот гол во својата кариера.

Елмас направи дар-мар во одбраната на Лихтенштајн и изведе слалом во стилот на легендарниот Марадона, па иако во прв момент голот беше препишан зад неговото име, УЕФА после коригираше и истиот го запиша како автогол на голманот Бухел.

Неколку дена по натпреварот во Скопје, УЕФА преку своите официјални профили на социјалните мрежи ја прикажа мајсторијата на Елмас како потег кој вреди да се погледне, а на објавата се јави и македонскиот фудбалски дијамант.

– Вратете ми го голот, – гласи пораката на Елмас, која е поддржана од голем број фанови на истата објава.

Инаку, магијата на Елмас беше најава за големата победа која ја оствари Македонија против Лихтенштајн, по која останавме како првопласирани на табелата во нашата група од квалификациите за Светско првенство.