Карло Анчелоти ја стартуваше својата прва селекторска задача и ја презема најуспешната селекција во историјата на светските првенства, а тоа со себе секако носи голем притисок, нешто на што Италијанецот навикна како предводник на Реал Мадрид.
Анчелоти освои три титули во Лигата на шампиони во шест сезони како тренер на Реал во два мандати и испиша своја историја, па иако новото искуство е поразлично од сите оние кои ги имаше досега во кариерата, Дон Карло вели дека добро се адаптира на промената посебно поради една причина.
– Кога тренираш една селекција, немаше чести проблеми како што тоа е на клупски план. Ако еден играч не е задоволен со својот статус во тимот, едноставно е, повикуван друг фудбалер. Сега го немам проблемот од Реал и други клубови, немам потреба да менаџирам еден играч и да го оставам задоволен во текот на цела сезона.
– Мене лично ми беше лесно да се адаптирам на новите услови, ритамот е целосно поразличен и имаме повеќе време за анализа. Затоа решив да живеам во Рио, сакам да ја запознаам културата на оваа земја. Цела фудбалска структура е многу организирана и задоволен сум од работата која ми се овозможува.
– Ние имаме обврска да се обидеме да го освоиме Светското првенство, немаме обврска да победиме. Во фудбалот можат да се случат толку многу работи. Јас шест години го тренирав Реал Мадрид, а титулата во Лигата на шампионите ја освоив три пати. Не може секогаш да победувате, победата не може да биде обврска, – објаснува Анчелоти.