Боливијците се служеа со валкани игри за да го победат Бразил, Анчелоти беснееше на клупата

Дерби

10/09/2025

12:58

395

Големина на фонт

а а а

Самото играње на надморска височина од над 4000 метри е доволен проблем за било кои фудбалери кои не потекнуваат од Боловија, но кога на тоа ќе се надоврзат лоши судиски одлуки и валкани игри, револтот дополнително расте и таков беше случајот рано утрово во таборот на Бразил.

„Кариоките“ загубија на гостувањето во Ел Алто со резутлат 1:0 како последица на контроверзен пенал кој беше досуден пред крајот на првиот дел, па откако дојдоа до предност, Боливијците не бираа средства за да го задржат водството.

Во еден момент од второто полувреме, немаше ниту една топка крај аут линијата за да се продожи со игра, но во самата завршница, дури две се најдоа на теренот.

При еден опасен напад на Бразил во 95-та минута, боливиските фанови фрлија уште една топка на теренот во обид да ги деконцетрираат противниците, а овој потег дополнително го разбесни и онака лутиот Анчелоти.

Искусниот Италијанец во неколку наврати бараше објаснувања од судиите за нефудбалските сцени во Ел Алто, но на крајот мораше да се помири со поразот.

Истиот нема никакво негативно влијание врз Бразил поради тоа што веќе беше обезбеден пласман на Светското првенство, додека оваа победа беше од круцијално значење за Боливија, која сега ќе игра мундијалски бараж.

Видеото погледнете го ТУКА.