[ВИДЕО] Мбапе: Повеќе се радувам на асистенцијата, отколку на голот

Дерби

14/09/2025

16:56

171

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид имаше тешко попладне на „Аноета“ и мораше добро да се потруди за да остане перфектен на стартот на сезоната, од едноставна причина што тимот на Чаби Алонсо играше со фудбалер помалку повеќе од еден час.

Дин Хаусен доби контроверзен црвен картон при резултат 0:1, но Реал успеа да постигне втор гол и со играч помалку, пред се благодарение на добрата комбинација меѓу Килијан Мбапе и Арда Гулер.

Французинот игра во страшна форма и вчера беше МВП со гол и асистенција, а по тешката победа од 1:2, го избра додавањето до Арда како клучен момент на средбата.

– Страдавме како тим, но направивме да се вратиме во Мадрид со многу важни три бода. Тоа е она што го сакавме и остануваме првопласирани во Ла Лига.

– Секогаш давам 100 проценти за овој дрес, верувам во оваа група и одиме по вистинскиот пат. Денеска повеќе се радувам на асистенцијата, од голот, сметам дека тоа беше клучен момент на натпреварот, – изјави Мбапе.