[ВИДЕО] Купила куќа со 17 соби на едно од најубавите места во светот и тоа за само 27.000 евра

Точка

26/08/2025

17:30

2.090

Големина на фонт

а а а

Своето преселување од Лос Анџелес и реновирањата ги документира на ТикТок, споделувајќи го напредокот во работите и животот на италијанскиот остров.

Имено Канаѓанката Кики Ли купила куќа со 17 соби на Сицилија за 27.000 евра и инвестира дополнителни 140.000 евра во реновирањето за да го изгради својот дом од соништата.

Оваа 28-годишничка, која живеела во Лос Анџелес речиси 15 години, решила целосно да го промени својот начин на живот. Откако наишла на ТикТок видео за евтини недвижности на Сицилија, таа брзо ги спакувала куферите и отпатувала на италијанскиот остров една недела подоцна.


Во јуни 2024 година, купила куќа во селото Мусомели за само 27.000 евра. Куќата има 17 соби и нуди поглед на средновековен замок, но потребно ѝ е обемно реновирање.

„Ова ќе биде мојата куќа од соништата кога ќе биде завршена, веројатно на есен“, изјави Кики за „Newsweek“.

Сместен во срцето на Сицилија, Мусомели е познат по својот средновековен замок и прекрасните погледи – целосен контраст со вревата и раздвижениот Лос Анџелес.

Големи разлики во цените на недвижностите

Иако реновирањата се скапи, цените на недвижностите на Сицилија и понатаму се многу пониски отколку во Северна Америка. Според „Redfin“, просечната цена по квадратен метар во Лос Анџелес била близу 6.200 евра во јули 2025 година. Од друга страна, податоците од „Immobiliare.it“ покажуваат дека просечната цена на Сицилија е само 1.167 евра по квадратен метар.


Поточно, во покраината Калтанисета, каде што се наоѓа Мусомели, квадратен метар чини 682 евра – речиси единаесет пати помалку отколку во Лос Анџелес.

Сицилија, благодарение на ниските цени, пријатната медитеранска клима и богатата историја, во последниве години привлекува многу странски купувачи. Некои села дури нудат и куќи за 1 евро за да се спречи емиграцијата. Во секој случај, недвижностите се многу атрактивни за странците.

Канаѓанката ја документира реставрацијата

За Кики, преселбата na Сицилија не беше само прашање на финансии.

„Ова е куќата за која отсекогаш сум сонувала. Ова е местото каде што сакам да живеам“, нагласи таа.


Реновирањето започнало во март 2025 година и се очекува да трае осум месеци. Кога ќе биде завршено, Кики ќе го замени Лос Анџелес и високите кирии и метеж, со помирен живот на Сицилија, окружен со историја, сонце и медитеранска кујна.

Тaa jа споделува својата авантура на ТикТок, каде што веќе има илјадници следбеници. Таму објавува видеоснимки од напредокот на реновирањето и вели дека куќата „конечно почнува да се чувствува како дом, а не само како луда идеја“.