Тие нè научија што е безусловна љубов: Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на кучињата

Точка

26/08/2025

18:34

951

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот ден на кучињата, кој се одбележува на 26 август, е ден посветен на славење на нашите верни, влакнести пријатели и потсетување на сè што кучињата прават за нас.

Ова е прилика да им оддадеме признание на сите кучиња – на оние кои се наши верни сопатници дома, но и на кучињата водичи за слепи лица, спасувачи, терапевтски кучиња, службени кучиња и многу други.


Овој ден го иницираше Колин Пејџ, експертка за животни и застапничка за спасување миленици, со цел да се подигне свеста за важноста на вдомувањето кучиња од засолништа.

Целта е, исто така, да се укаже на ужасните услови во т.н. „фабрики за кутриња“ („puppy mills“) и да се поттикне одговорната сопственост.


Направете денес нешто посебно за вашето куче:

• Однесете го на долга прошетка на ново место,

• Подгответе му омилени јадења,

• Купете му нова играчка,

• Едноставно поминете квалитетно време со него, галете го и играјте се.


Исто така, ако размислувате да набавите куче, разгледајте ја можноста за вдомување од локален азил. Постојат многу кучиња кои чекаат нов дом и љубов, а со вдомување им давате втора шанса за среќен живот.