Овој европски град е прогласен за најстресен на светот: Метежот во Скопје е ништо во споредба со тоа што се случува таму

Точка

26/08/2025

15:17

10.091

Големина на фонт

а а а

Новата студија открива дека Париз е најстресниот град на светот, по анализите на податоците за криминал, густина на туристи, оцени и ниво на влага.

Париз, често нарекуван и Градот на љубовта, наишол на проблем во својот романтичен углед. Иако секоја година привлекува милиони туристи, желни да ја впијат атмосферата на градот, не го напуштаат градот сите со убави спомени.


Новите истражувања на компанијата „Ibiza Summer Villias“ покажуваат дека Париз е лидер на листата најстресни градови за посета.

Студијата опфатила 51 најпосетуван град на светот, анализирајќи ги факторите како глобални трендови, статистика на криминалот, густина на туристи, оцени и временски непогоди (како влага).

Секоја локација е оценета според безбедноста, метежот и општиот комфор за да се утврди каде посетителите најмногу чувствуваат стрес, а каде навистина можат да се опуштат.

Со над 47,5 милиони туристи кои секоја година доаѓаат, Париз бележи неверојатни 45.664 посетители по квадратен километар, што е густина повеќе од десет пати поголема од Њујорк.


Иако Париз не бил на првото место по криминал или временски непријатности, огромниот метеж значи дека посетителите можеби нема да добијат идиличен одмор којшто го замислуваат.

Втора најстресна дестинација е Ханои во Виетнам којшто исто така ја добил титулата најнепријатен град поради екстремната влажност. Градот го зазел четвртото место по оцена на рецензиите кои спомнуваат стрес, а посетителите коментирале дека не само што таму е топло туку и добиле оптоварувачки впечаток на градот.

Третото место го зазел Шангај којшто секоја година привлекува дури 300 милиони туристи. Иако не е толку преполн како Париз и натаму се сместува меѓу 20-те градови со највисок криминал и рецензија која предизвикува стрес.


Меѓутоа, постојат стратегии како да се најдете во спомнатите градови, а притоа да го сочувате чувството на мир и безбедност. Клучот е во однапред истраженото сместување. Доколку сакате мир и тишина, проверете дали вашиот хотел се наоѓа на главна улица.

Исто така размислете за ограничување на бројот на атракции кои сакате да ги посетите. Фокусирајте се на една или две дестинации дневно и вашиот одмор би можел да биде опуштен.