Островот Северен Сентинел се наоѓа во Бенгалскиот залив, недалеку од крајбрежјето на Индија и Тајланд, а со своето тиркизно море и песочни плажи како да ве вика на уживање.
Но, на туристите им е забрането да го посетат овој мистериозен остров и тоа поради необична причина.
Овој остров е дом на едно од најопасните племиња на светот чии членови се подготвени да го убијат секој којшто ќе им се приближи.
Изолираното племе кое е составено од 500 домородци, е едно од најстарите племиња и потекнува уште од камено доба, а живеат на островот веќе околу 60.000 години.
Неговите членови се подготвени да го убијат секој којшто ќе стапне на нивната територија, а поради тоа забрането е приближување до островот и утврдена е т.н. зона на исклучување која се протега во радиус од околу 9,3 километри од островот.
Меѓутоа, некои авантуристи дозволиле љубопитноста да ги надвладее и неколку од нив во текот на годината ја надминале зоната на исклучување и тоа со кобни последици.
Ги нападнале рибарите и хуманитарците
Неколку рибари во 2006 година премногу се доближиле до островот, па наводно биле фатени и повредени, а членовите на племето нападнале и хуманитарци кои сакале да им помогнат по цунамито во 2004 година. Тогаш со хеликоптер којшто бил на островот им била донесена храна и пакети на прва помош, а тие ги гаѓале со копје и стрела.
Кобна посета на островот
Последната личност која се упатила кон островот бил 26-годишниот американски мисионер Џон Ален Чау којшто во 2018 година бил испратен од Мисури на островот со план да живее со племето и да им го проповеда христијанството.
Џон му платил на локалниот рибар да го однесе до островот, а рибарот го оставил на околу 700 метри до крајбрежјето. Според описот на рибарот, припадниците на племето го усмртиле Џон со стрели и го закопале неговото тело на крајбрежјето на островот. Без оглед на напорите на индиските власти, телото на Џон не било пронајдено никогаш, а уапсени биле седум лица, вклучувајќи го и рибарот кој му помогнал на Џон да стигне до островот.
Инаку, племето наводно сѐ уште не отворило оган, а рачно изработеното оружје од метал секогаш е тука за да нападнат.
Но, во меѓувреме воспоставен бил пријателски однос со племето кое и натаму живее изолирано, а индиските власти ги прифатиле нивните желби, па секој обид кога сака некој да се доближи до островот или да воспостави контакт со нив се смета за кривично дело.
Кои се Сентинелците?
Најверојатно потекнуваат од Африка, како и другите народи Андаман. Живеат во целосна изолација од останатиот свет, па информациите за нив се прашални.
Живеат во големи колиби со повеќе огништа за повеќе семејства. Жените носат појаси околу струкот и вратот, додека пак мажите носат широки појаси, ѓердани и ленти за глава.
Прават едноставни чамци за риболов, но не излегуваат на отворено море. Користат метални предмети добиени од напуштени бродови. Исто така користат и лак и стрела. Нивниот јазик е неразбирлив и останува мистерија.
Зошто Северен Сентинел е забранета зона?
По цунамито во Индиски океан во 2004 година, се шпекулирало дека можеби Сентинелците изумреле.
Хеликоптерот којшто бил испратен го дочекал маж којшто го гаѓал леталото со стрела, покажувајќи дека племето преживеало.
Од 2005 година влегувањето на островот е строго забрането поради непријателскиот став на домородците и опасноста од пренос на смртоносни болести.
Една година подоцна, ловци кои се приближиле до островот биле убиени додека спиеле. Бил испратен хеликоптер да ги преземе телата, но тој исто така бил нападнат и морал да се повлече.