[ФОТО/ВИДЕО] Островот којшто Грција љубоморно го чува: Има само 30 жители, една плажа и е вистинска оаза на мирот и тишината

Точка

24/08/2025

13:30

2.090

Големина на фонт

а а а

Додека Миконос и Санторини се преплавени со туристи, а ситуацијата на останатите острови е хаотична, Псеримос се истакнува како оаза на автентичноста.

Ова мало островче е речиси недопрено од масовниот туризам, нуди мир, природна убавина и искуство кое потсетува на минатите времиња.

Со само 30 жители, златна плажа и таверни во кои се служи локална храна, Псеримос е дестинација за оние кои бараат бегство од секојдневниот ритам.

Мир којшто ги брише сите траги

Псеримос е синоним за тишина. На островот нема автомобили, нема метеж, нема брзање.Времето тука тече поразлично, се мери со положбата на сонцето, а единствениот „рок“ е заоѓањето на сонцето. Овој бавен ритам им овозможува на посетителите целосно да се исклучат и да се препуштат во моментот.

Псеримос има само една плажа, но и таа е доволна. Златниот песок, кристално чистата вода и тишината која ја нарушува само звукот од брановите е совршенство. Плажата е толку идилична што ќе заборавите на потребата за истражување на другите места, сѐ што ви треба е веќе тука.


Островот каде сте дел од семејството

Со само 30 жители, Псеримос нуди интима. За неколку дена ќе ги запознаете тамошните жители, а тие низ насмевка ќе ви носат свежа храна или ќе ви дадат чашка ракија без прашање. Овие средби не се само размена на зборови тоа се моменти кои остануваат врежани во сеќавањето.

Храната на Псеримос е едноставна, но незаборавна. Сѐ што јадете доаѓа директно од морето или од полињата кои се наоѓаат во близина. Во таверните нема обемни менија, само неколку јадења, но секое е толку вкусно што ќе посакате повторно и повторно да јадете. Октоподот мириса на море, а доматот којшто има реален вкус е само дел од нивното кулинарско доживување.

Логистика без компликации

Пристигнувањето на Псеримос е едноставно. Бродовите од Калимнос или Кос ве носат директно на островот.

Нема потреба од „Google Maps“ или строги планови. Најголемата одлука која треба да ја донесете е дали прво ќе се капите или ќе испиете кафе покрај морето.

Псеримос не е за љубителите на ноќен живот или луксузни ресторани. Овој остров нуди луксуз на тишина којашто во денешно време вреди многу.