Коко Шанел е родена како Габриела Бонер Шанел на 19 август 1883 година во Франција.
Легендарната француска модна дизајнерка Коко Шанел, со вистинско име Габриела Бонер Шанел е родена пред 142 години.
Жената која засекогаш го смени светот на модата воведе удобност и едноставна елеганција во женската облека, ослободувајќи ги жените од строгите модни правила на своето време.
Нејзините иконички креации, како малиот црн фустан, „Chanel“ костимите и безвременскиот парфем „Chanel No. 5“ и натаму се симбол на стилот и префинетоста.
Таа имала тешко детство. По смртта на мајка ѝ и напуштањето од страна на татко ѝ, одведена била во дом за деца без родители под управа на калуѓерки каде научила да шие.
Прекарот „Коко“ го стекнала во текот на пејачката кариера во кабареата поради популарните песни како „Ко Ко Ри Ко“.
Во текот на 1910 година ја отворила првата продавница за шешири во Париз во улицата „Rue Cambon“ и така го започнала својот моден бренд.
Се смета за револуционерка во женската мода, популаризирајќи ја удобната, лежерна облека и ослободила многу од жените од модните парчиња како што се корсетите.
Меѓу нејзините најпознати иновации се малиот црн фустан, „Chanel“ костимот и парфемот „Chanel No. 5“.
Шанел го дизајнирала препознатливиот „CC“ монограм којшто ги симболизира нејзините иницијали и којшто станал заштитен знак на брендот.
Нејзината модна куќа била затворена во текот на Втората светска војна. По војната се преселила во Швајцарија, а во Париз се вратила во 1954 година за да ја обнови модната куќа.
Починала на 10 јануари 1971 година во парискиот хотел „Ritz“ во којшто живеела долги години.