Експертите предупредуваат дека иако тромбозата може да го погоди секој, одредени ризик фактори, како и секојдневните навики можат дополнително да ја зголемат веројатноста за нејзино појавување.
Кардиолозите велат дека треба да се обрне внимание на една утринска рутина која може да делува на наша штета. Меѓу ризик факторите за тромбови се наведуваат и: поодминати години, болести на срцето или белите дробови, долготрајно седење и вишок килограми.
Меѓутоа, некои популарни напитоци исто така можат да ја зголемат опасноста од тромбоза, особено доколку посегнуваме по нив рано наутро.
Кафето е еден од најчестите бирани напитоци наутро. За жал, неговото деуретичко дејство може да го зголеми губењето течности, особено кај лицата кои веќе биле дехидрирани во текот на ноќта.
Како што објаснува д-р Кетрин Вајберг, директорка за вродени срцеви маани кај возрасни, многу од луѓето го започнуваат денот во состојба на дехидратација, што негативно влијае на циркулацијата и го зголемува вискозитетот на крвта.
Д-р Ен Б. Кертис, кардиолог од Универзитетот во Буфало, истакнува дека дехидратацијата доведува до згрутчување на крвта, што го зголемува ризикот од тромбови. Затоа кардиолозите препорачуваат пред утринската шолја кафе да се напиете чаша вода. Дури и мала количина, околу 250 милилитри може значително да ја подобри хидрираноста на организмот и да го намали ризикот од тромбоза.
Зошто дехидратацијата е опасна?
Дехидратацијата предизвикува намален доток на крв, што може да доведе до нејзино згрутчување. Д-р Алфонсо Х. Волер нагласува дека добро хидрираниот организам има поголем доток на крв, што го олеснува нејзиното природно движење. Во случај на дехидратација, крвта станува погуста, што го зголемува ризикот од создавање тромбови.
Како што додава д-р Ченг-Хан Чен, кардиолог, личноста со веќе постоечки ризик за тромб, како што се гојазноста или болести на срцето, треба особено да внимава на соодветна хидратација.
Како да го намалите ризикот од тромб во крвта?
- Одржувајте ја хидратацијата во текот на целиот ден.
- Избегнувајте долготрајно седење.
- Контролирајте ја телесната тежина.
- Лекувајте ги хроничните болести.