Иако принцот Хари не е познат по кулинарската умешност, ќе се изненадите кога ќе слушнете дека во текот на годините совладал неколку јадења и тоа прилично добро.
Додека Меган Маркл е главна готвачка во нивниот дом, војводата од Сасекс знае да подготви вкусен оброк, особено кога станува збор за појадокот.
Во својата нова емисија на „Netflix“ – „With Love, Megan“, која стартуваше во март, Меган откри како изгледа распределбата на улоги кога станува збор за готвењето.
Во една епизода, додека готви во друштво на пријателката Кели Маки Зајфен и актерката Абигејл Спенсер, војвотката го спомнала сопругот и го пофалила:
„Пред некој ден направи совршена кајгана“, рекла низ насмевка таа.
Иако делува едноставно, кајганата може да биде тешка за подготовка, а вечното прашање е дали треба да се прави брзо на висока температурата или полека на тивок оган.
Доколку се одлучите за брза варијанта, цел појадок може да биде готов за помалку од три минути. Без оглед на методот, факт е дека Хари знае да го направи тоа.
Кајганата е нутритивно богат појадок
Хари често подготвува кајгана за Меган и нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, а експертите тврдат дека тоа е многу здрав појадок.
Феј Џејмс, главна уредничка на магазинот „HELLO!“ и овластен нутриционист, објаснува дека кајганата носи низа предности за здравјето.
„Кајганата е исклучително хранлива. Претставува одличен извор на комплетни протеини, ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини“, вели таа.
„Богата е со витамини од групата Б, холин, витамин Д и здрави масти што сето заедно ја поттикнува работата на мозокот, нивото на енергија и функцијата на хормоните“.
„Важно е да не претерувате со путерот или павлаката, најдобро е да ја подготвите во нелеплива тава со капка маслиново масло или малку путер“, додава таа.