Пејачката Мараја Кери се изненадила кога дознала дека Кети Пери патувала во вселената.
Мараја давала интервју за „BBC“, а водителот Скот Милс ја прашал дали некогаш би отишла во вселената како Кети Пери. „Таа отишла во вселената?“, збунето прашала Мараја.
Водителот потврдил дека патувањето во вселената навистина се случило, но „не за долго“. „Каде отишла?“ прашала Мараја со збунет израз на лицето. Водителот рекол: „Во вселената“, а потоа објаснил дека била до орбитата и назад.
„И тоа е вистина?“, повторно прашала Мараја. „Да, вистина е, не го измислив ова“, одговорил водителот, нагласувајќи дека Кети сосема зборува за нејзиното патување во вселената.
„Вау. Добро, Кети. Тоа е неверојатно“, рекла Мараја. Водителот потоа повторно ја прашал дали таа би отишла во вселената, а Мараја низ смеа едноставно рекла: „Мислам дека веќе доволно направив.“
Критики поради патувањето во вселената
Кети Пери беше една од петте жени кои на 14 април летаа до работ на вселената. Покрај неа, во вселената патуваа и свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, новинарката Гејл Кинг, поранешната ракетна научничка од НАСА, Аиша Боу, продуцентката Кериан Флин и научничката Аманда Нгуен.
Сепак, пејачката се соочи со многу критики поради тоа, па одлучи да одговори на нив.
„Многу сум ви благодарна. Заедно сме на ова прекрасно и диво патување. Можам и понатаму да останам верна на себе, искрена и со отворено срце поради нашата поврзаност. Ве молам, знајте дека и понатаму сум во ред, многу работев на тоа да знам која сум, што е вистинско и што ми е важно“, започнала таа.
„Кога онлајн светот се обидува да ме претвори во човечка пињата, јас тоа го прифаќам со благодат и им праќам љубов, бидејќи знам дека многу луѓе страдаат на различни начини и дека интернетот е место каде што луѓе со нарушувања и оние што се лечат можат да ги исфрлат своите мислења. Не сум совршена, всушност, го исфрлив тој збор од својот речник“, додала таа.