Беше најголемата ѕвезда на 90-тите, а потоа исчезна од Холивуд: По 30 години открива што се случило

Точка

23/08/2025

11:30

2.555

Големина на фонт

а а а

Чекала три децении за да открие што ја натерало да се повлече од холивудската сцена баш во екот на кариерата.

Благодарение на филмот „Девојките од Беверли Хилс“, Алиша Силверстон станала глобална ѕвезда и наоѓала улоги, но на самиот врв од славата се повлекла и се посветила на театарот и хуманитарната работа.

Сепак, без оглед на огромната слава, Алиша постепено се повлекувала од центарот на внимание, а потоа и од Холивуд.


Сега игра во новата серија „Ирска крв“ која ја следи приказната на адвокатката за разводи од Лос Анџелес додека во Ирска открива семејни тајни. И изгледа дека конечно одлучила да ја открие причината за своето ненадејно повлекување, зошто во моментот кога се вивнала во ѕвездите се повлекла од сцената.

Таа открила дека морала да направи пауза затоа што работата во филмската индустрија повеќе не ѝ давала задоволство додека истовремено била соочена со славата.

„Бев во период кога повеќе ништо не беше забавно. Толку се посветив на активизмот и пишувањето на своите книги. Потоа добив дете и станав целосно посветена мајка“.

Од Лос Анџелес во Африка

Алиша во 2011 година го добила синот Бер Блу Јарексон со тогашниот сопруг Кристофер од којшто се развела по 13 години брак.

Објаснила дека нивната љубов кон театарот се развила кога се повлекла од светлото на рефлекторите. Иако не ги гледале често нејзините филмови, многу работела во театар затоа што ја сакала глумата.

„Беше многу комплицирано и мислам дека не знаев како да се носам со тоа. Немав темели, ниту алатки да издржам. Не бев подготвена за славата и немав поим што се случува, не ми беше пријатно“, изјавила актерката.


Повторно како Шер

Во текот на 2000 и 2010 години се посветила на активизмот, спасувала слонови во Африка, работела во прашума во Перу, а ја открила и страста кон пишувањето книги за здравјето.

Освен новата улога во серијата „Ирска крв“, Алиша повторно ќе ја игра својата најпозната улога на Шер Корович во серијата „Девојките од Беверли Хилс“ чие сценарио го потпишуваат Џош Шварц и Стефани Сејџ.