Вие сте, госпоѓо, уметничко дело

Точка

27/08/2025

21:00

765

Големина на фонт

а а а

Малкумина на овој свет знаат да изнесат парчиња висока мода како Кејт Бланшет – а таа повторно нè воодушеви со својот стајлинг.

Започна 82. по ред Филмски фестивал во Венеција, а ѕвездите од сите делови на светот полека пристигнуваат. Иако станува збор за филмски настан, јавните личности го претвораат во своевидна модна писта.

И – не се жалиме, бидејќи за време на фестивалот ќе имаме можност да видиме вистински уметнички дела.


Прва за коментирање се најде легендарната Кејт Бланшет. На премиерата на филмот „La Grazia“ таа одбра креација од „Armani Privé“ која совршено ја истакна нејзината заносна фигура.

Се чини дека актерката е голем љубител на одржливата мода, бидејќи истата тоалета ја носеше и во 2022 година на доделувањето на „SAG Awards“.


Тоалетата со макси должина и едноставен крој ја красат интересни детали – камчиња во пределот на градите, но и џебови кои на целокупниот изглед му даваат доза лежерност, како да не станува збор за вечерна комбинација.

Стајлингот го заокружи со брановидна фризура и шминка во земјени тонови што го нагласија нејзиниот поглед – вистинска „ледена кралица“.

Што да се каже, освен дека модниот дел на Филмскиот фестивал во Венеција започна одлично!