Брус Вилис е се полошо, мозокот му откажува – семејството донело тешка одлука: Повеќе не може да функционира, 24 часа под нега

Точка

27/08/2025

21:26

3.443

Големина на фонт

а а а

Од некогашниот холивудски џин и неуништлив акциски херој остана само – бледа сенка. Брус Вилис сè повеќе исчезнува пред нашите очи, а ние не можеме ништо да направиме за да му помогнеме. Како му е на неговото семејство – тоа е уште потешко да се замисли. Ема Хеминг, сопругата на славниот актер, откри што се случува во нивниот дом и ја расплака јавноста ширум светот.

Болеста што му го одзеде животот

Пред нешто повеќе од три години светот ја потресе веста дека неуништливиот детектив Џон Меклејн ќе мора да се повлече, а Брус Вилис да оди во предвремена пензија – не по своја волја. Славниот актер беше дијагностициран со афазија, нарушување што влијае врз говорот, разбирањето, меморијата и другите когнитивни функции. Кај него болеста напредуваше до неизлечлива фронтотемпорална деменција.

Иако со достоинство ја прифати судбината и се обидуваше да го олесни животот и за себе и за своите најблиски, товарот е огромен. Поранешната и сегашната сопруга, ќерките, внуката и пријателите постојано се покрај него. Сепак, и Деми Мур и Ема Хеминг признаваат дека им е многу тешко, свесни дека не можат да му помогнат на човекот кој на филмското платно толку пати го спасуваше светот – а сега никој не може да го спаси него.


Дали сè уште ги препознава своите?

„Едвај …“ вели Ема. „Нè држи за раце. Го бакнуваме. Го гушкаме. Тој возвраќа. Не ми е важно што не се сеќава на моето име, на датумот на венчавката или на родендените на нашите ќерки. Важно е да разбере дека сум тука, покрај него – и дека никогаш нема да го напуштам.“

Неговите зборови стануваат сè понеразбирливи, тешко разбира што му се зборува и што се случува околу него, движењето му е отежнато … Покрај него се и Деми, Талула, Румер и Скаут, но и медицински сестри и негуватели кои му помагаат на семејството. Стручна грижа е неопходна и наскоро ќе ја преземе целата одговорност за него.


„Нема надеж“

Кога ја доби дијагнозата, Ема дозна речиси безмилосно: „Нема надеж, нема лек“. „Ќе си оди од тука без ништо … тоа беше сè што разбрав. Не можев ни да ја изговорам дијагнозата, не сфаќав што значи. Паниката ме совлада. Сè после тоа едноставно не можев да го слушнам“, признава таа.

Наскоро беше принудена да донесе тешка одлука – го пресели сопругот во нова, еднокатна куќа „поради неговата безбедност и комфор“. Медицинскиот тим се грижи за него 24 часа дневно. И покрај тоа, Ема и Брус сè уште заедно појадуваат и вечераат.

Искрата што сè уште постои

Семејството признава дека понекогаш, од време на време, излегува на површина неговата добро позната харизма. Ретко, но сепак се појавува момент – не за да им даде надеж, која одамна е изгубена, туку за да ги потсети дека холивудската легенда нема лесно да се предаде.

„Има толку срдечна, искрена насмевка. Понекогаш можете да ја фатите искрата во неговите очи, тој сјај што за миг нè пренесува во некое друго време … во минатото, кога сите бевме среќни“, вели Ема.