[ФОТО] „Изгледа како баба што допира лебови во маркет и зборува сама со себе“: Папараците ја „фатија“ познатата актерка на одмор, а луѓето се прашуваат како воопшто станала модна икона

Точка

27/08/2025

20:41

1.877

Големина на фонт

а а а

Актерката Сара Џесика Паркер (60), која неодамна се збогува со својата култна хероина Кери Бредшо, беше забележена во Хемптонс како ужива во многу поинаков живот од гламурот на кој сме навикнати да ја гледаме.

За разлика од нејзините легендарни потпетици, Сара Џесика Паркер овој пат се решила за удобни бело-сиви патики, додека низ монденското летувалиште носела големи торби. Покрај тоа носела и бел, цветен фустан со сив џемпер преку него, а косата ѝ беше врзана во цврста пунџа, откривајќи ја седата коса.


Наместо гламурозната шминка на која сме навикнати, актерката овој пат се појави со минимална, природна шминка како и темни очила за сонце.


Меѓутоа, многумина на социјалните мрежи го осудија нејзиниот изглед бидејќи, како што велат, „изгледа згрбавена и како да остарела преку ноќ“, а имаше и такви кои се прашуваа: „Зошто изгледа како онаа чудна баба од маркет што ги допира сите лебови и зборува сама со себе“ „Истиот фустан висеше во плакарот на баба ми, само што таа го носеше како ноќница“, „Како воопшто станала модна икона кога буквално изгледа како бездомничка која тргнала да питачи“, беа дел од коментарите.


Изгледа дека нејзиното одбивање да се вклопи во холивудските стандарди е она што најмногу предизвикува реакции. Некои го поздравуваат нејзиниот автентичен стил, додека други не го кријат своето разочарување.


Семејство и готвење

Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг, актерот Метју Бродерик (63), го поминуваат летото со децата: синот Џејмс Вилк (22) и близначките Табита и Лорета (16).


„Чувствувам дека постои неправедна претстава за тинејџерките кои се близначки“, изјави гордата мајка во гостувањето во емисијата „Тудеј“. „Моите се навистина симпатични. Го обожавам нивното друштво. Тие се многу интересни, љубезни и љубопитни“, додаде актерката.

Целото семејство ужива во готвењето и експериментирањето со рецепти. На социјалните мрежи Паркер покажа кошница со сочни домати и свежи краставици од локалниот пазар и објасни дека од нив прави освежително гаспачо: „Имаме најдобра тезга со зеленчук!“.