[ФОТО] Кети Пери „уловена“ на вечера со моќниот политичар: Неодамнешниот премиер на Канада Џастин Трудо уживал во друштвото на популарната пејачка

Точка

29/07/2025

21:45

1.367

Големина на фонт

а а а

Поп-ѕвездата Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо биле забележани заедно на вечера во ресторан во Монтреал, што веднаш ги поттикна шпекулациите за можен нов почеток по нивните неодамнешни раскинувања со долгогодишните партнери, пишува „Пипл“.

Како што пренесуваат странските медиуми, Пери (40) и Трудо (53) биле видени во познатиот монтреалски ресторан „Ле Виолон“, каде што вечерале во пријатна атмосфера и разговарале со готвачот Дени Смајлс. По вечерата, двајцата се упатиле кон кујната за лично да им се заблагодарат на вработените.

Сведоци велат дека уживале во неколку специјалитети од менито, вклучувајќи и јадење со јастог, како и коктели. Иако ниту Пери, ниту Трудо досега не дале изјава за оваа средба, вниманието на јавноста е насочено кон можната романтична димензија на нивниот однос.

Ова нивно заедничко појавување доаѓа само еден месец по прекинот на свршувачката меѓу Кети Пери и актерот Орландо Блум, со кого беше во врска со прекини речиси девет години. Тие ја објавија својата разделба во јуни, а во заедничката изјава преку своите претставници наведоа дека последните неколку месеци се посветиле на преобликување на нивната врска со фокус на заедничко родителство. Нивната ќерка Дејзи Дав, која има четири и пол години, останува нивен главен приоритет.


Неколку дена по објавата за прекинот, Пери и Блум беа фотографирани заедно на јахта крај Амалфиското крајбрежје во Италија, во друштво на Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез.


Од друга страна, Џастин Трудо и неговата сопруга Софи Грегуар во август минатата година објавија дека по 18 години брак се разделуваат. Во заедничка објава на социјалните мрежи, Трудо истакна дека одлуката е донесена по многу длабоки и тешки разговори, но дека како родители на своите три деца остануваат блиско поврзани.