На 7 години бил сексуално злоупотребуван, влегол во светот на наркотици, а потоа трагичен крај: Суровата судбина на славниот пејач која нема да ве остави рамнодушни

Точка

29/07/2025

09:13

4.577

Големина на фонт

а а а

Честер Бенингтон се прослави благодарение на бендот „Linkin Park“, а нивните хитови до денес останаа да живеат меѓу луѓето.

Честер е роден 1976 година во Аризона, мајка му била медицинска сестра, а татко му полициски детектив којшто решавал случаи со злоупотреба на деца. Обожувал да ги слуша „Depeche Mode“ и „Stone Temple Pilots“, а сонувал за тоа да стане нивен член. Таа желба подоцна му била исполнета, па станал фронтмен на „Pilots“.

Трауматично детство

На само седум години тој доживеал траума откако постар пријател сексуално го злоупотребувал. Поради тоа што се плашел да побара помош затоа што мислел дека ќе го обвинат дека лаже и дека е геј, насилството го трпел до 13 години.


Случајот никогаш не го пријавил во полиција затоа што сфатил дека неговиот злоставувач и сам е жртва на насилство. На својот татко му признал сѐ.

Неговите родители се развеле кога имал 11 години, а старателството над него му припаднало на татко му. Честер поради сето тоа сакал да побегне од дома, а утеха и спас наоѓал во пишувањето песни. Во училиште го злоставувале затоа што бил многу слаб.

„Никој од моето семејство не ме злоупотребуваше, но затоа другите луѓе од мојата околина го правеа тоа. Растев во дисфункционално семејство и лесно е да помислите дека тоа што ми се случувало било нормално“, изјавил во разговор за „Rolling Stone“ пејачот.

Така тој влегол и во пеколот со дрогата, а со консумирање почнал на 13 години. Користел алкохол и LSD, а подоцна преминал на кокаин и метамфетамин.

„Имав многу повеќе самодоверба кога бев на дрога. Чувствував како да имам повеќе контрола над својата околина кога бев на дроги и алкохол“, признал во една прилика пејачот.

На 17 години почнал да живее со мајка му, а таа му забранувала да излегува од дома откако открила дека се дрогира.


Два брака

Што се однесува до љубовниот живот, Честер двапати се женел. Првиот брак се случил во 1996 година со Саманта Мари Олит со која го добил синот Дравен Себастиан. Меѓутоа, тие се развеле кога популарноста на неговиот бенд почнала да расте.

Иако во тој брак престанал да се дрогира, не успеал засекогаш да се ослободи од зависноста, па повремено се враќал на тој порок.

Втората венчавка се случила во 2006 година со Плејбој зајачицата Талинда Ен Бентли со која добил три деца. Три години подоцна го објавил албумот „Out of Ashes“ и потврдил дека песната „My Suffering“ е инспирирана од лично животно искуство.

„Мојот живот се распадна на толку начини. Имав проблеми со алкохолот и дрогата, а истовремено се разведов“, открил во 2009 година.


Трагичен крај

Честер на 20 јули 2017 година си го одзел животот, а го пронашла куќната помошничка. Извори до полицијата потврдиле дека се обесил во својот стан во Лос Анџелес.

Еден ден подоцна лекарите преку обдукција потврдиле дека станува збор за самоубиство, а покрај неговото тело било пронајдено полупразно шише алкохол.

Исто така потврдено било дека други супстанции не користел. Култниот музичар зад себе ја оставил сопругата и децата.