Пејачката Камила Кабељо на социјалната мрежа Инстаграм споделила низа фотографии од својата романтична авантура на Ибица со Хенри Чалхаб.
Камила е заљубена во милијардерскиот наследник Хенри. Пејачката во четвртокот на Инстаграм споделила низа фотографии од Ибица каде ужива со своето момче.
Камила на втората фотографија го држела момчето за рака, за кое се претпоставува дека е милијардерот.
Во објавата има и селфи фотографии, потоа разни пејзажи и моменти додека чита книга во кревет.
„Заљубување. Читање фикција со часови. Вежбање гитара. Јадење домат во сите бои, пружање рака низ прозорец од автомобил, играње со ветрот“, напишала пејачката под објавата.
Оваа објава била споделена откако Камила била забележана како разменува нежности со Хенри во текот на одморот во Шпанија. Парот на фотографиите се бакнувал, додека Камила била потпрена на него, а подоцна биле фотографирани додека се бакнуваат во вода.
Почеток на љубовта
Парот првпат бил доведен во врска во ноември, кога и двајцата присуствувале на забава на модната ревија „Elie Saab“ во Саудиска Арабија, пренесува Билборд. Неколку месеци подоцна биле видени како се држат за рака на островот Сен Барт.
Во март заедно присуствувале на ревијата есен/зима 2025 година на модната куќа „Шанел“ во текот на модната ревија во Париз, каде биле забележани како се однесуваат блиско.