[ФОТО] Најголемата секс бомба пронашла утеха по раскинувањето на свршувачката? Не се одвојува од мускулестиот фраер

Точка

29/07/2025

14:34

2.265

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Сидни Свини го помина минатиот викенд на патување со пријатели, а фотографите ја „уловија“ во друштво на мистериозен маж со кого беше особено блиска, пишува „Дејли мејл“.

Сидни ја посети куќата на нејзиното семејство на езеро во северно Ајдахо. Во текот на патувањето, таа била видена како се одвојува од своето друштво и се забавува со непознат маж, многу згоден и мускулест.


Во текот на нивното дружење, Свини цело време се смеела и очигледно била многу расположена. Тие се возеле заедно со џет-ски, а потоа мажот цврсто ја прегрнал актерката околу половината, а во еден момент дури и скокнале во езерото.

Сидни, која е наречена една од најсексапилните актерки во светот, носела црн едноделен костим за капење кој го нагласувал нејзиното бујно тело.

Фотографиите од нејзиниот излет ги поттикнаа шпекулациите дека таа пронашла нова љубов по раскинувањето на свршувачката со продуцентот Џонатан Давин. Сидни и Џонатан почнаа да се забавуваат во 2018 година и се свршија во 2022 година. Нивната свадба требаше да се одржи во мај оваа година, но беше одложена за подоцнежен датум. Причината, според изворите во тоа време, била нивниот зафатен распоред. На крајот ја откажаа свршувачката и ја завршија врската по седум години.



Уште во 2023 година, Свини рекла дека е зафатена со работа и нема многу време за планирање на свадбата. Во исто време, се појавија гласини за нејзината наводна романса со Глен Пауел, актерот со кого работеше на филмот „Секој освен тебе“ (Anyone But You). Во пролетта истата година, Пауел ја прекина долгогодишната врска со Џиџи Парис, што дополнително ги разгоре гласините.



Меѓутоа, актерите не коментираа за нивниот однос, но Џиџи се огласи за сè. Таа рече дека е „скршена“ од гласините за романсата на Глен со Сидни и одлучи да ја прекине нивната врска откако фотографиите на кои изгледаат многу блиску станаа вирални.


Едно е сигурно, Сидни уживаа во самачкиот живот опкружена со мажи…