Здравко Чолиќ и понатаму е миленик на жените. Токму како што беше од моментот кога зачекори на естрадната сцена.
Многу го посакуваа, а една го освои. Неговата сопруга Александра, мајка на неговите две ќерки.
Таа не сака медиумска експонираност. Посветена е на семејството и речиси е невозможно да се види со сопругот на некој настан.
Последен пат Александра била видена минатото лето кога со ќерките дошла на настапот на Чола во најголемата дискотека на црногорското приморје, и тогаш се трудела да биде неприметена.
Александра и Здравко се венчале на 1 мај 2001 година. Тој тогаш имал 50 години. Пред тоа се забавувале 11 години. Се запознале додека таа студирала географија.
Своевремено тој открил дека Александра го освоила со својата едноставност. И сите кои ја виделе токму тоа го рекле. Потполно опуштена жена, која не е оптоварена со славата на својот маж.
„Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна во Макарска. Александра студираше во Белград, па продолживме да се гледаме, а со текот на времето започнавме и врска“, изјавил Чола во едно интервју.
Инаку, неговата сопруга во една прилика направила преседан и се согласила да се појави во еден спот на својот сопруг. Таа се појавува во последниот кадар од видеото за песната „Тебе чувам за крај“.
На нејзината одлука да не се експонира во јавноста влијаел еден непријатен настан за кој говорел и Чола.
„Многу нешта сум поминал и доживеал во животот. Еднаш мојата сопруга ја нападна со нож некоја обожавателка и ја исече по лицето. Сандра се повлече, но оваа малку ја закачи, за среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но и ден-денес се сеќавам на тоа. Мојата жена други поголеми непријатности немала, затоа што не се експонира, не е таков тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста“, зборувал Чола во едно интервју.“