По речиси три години од почеток на разводот, манекенката Емили Ратајковски (34) и актерот Себастијан Бер-МекКлард (44), сега и официјално се разведени.
Според судските документи, одлуката за развод била донесена на 22 јули во Врховниот суд во Њујорк, со што Емили и Себастијан се и правно разведени. Истиот ден поднесен бил и налог поврзан со здравственото осигурување на синот, но поради тоа што документите за развод во таа сојузна држава се затворени за јавноста, деталите не се познати.
Барање за развод поднесено во 2022 година
Разводот се чинел за готов уште кон крајот на минатата година, кога адвокатите на славната манекенка ги поднеле сите потребни документи, вклучувајќи и предлог пресуда и договор за грижа за детето. Сепак, судот тогаш ја вратил пресудата на дообработка. Тогаш очигледно веќе бил постигнат договор, но тој останал подалеку од очите на јавноста.
Емили барањето за развод го поднела во 2022 година, четири години откако парот се венчал. Сето тоа било иницирано од неверството на Себастијан. Парот го има синот Силвестер којшто е роден во 2021 година, момчето живее со Емили, но го гледа и татко му неколку пати неделно.
Проговорела за проблемите во бракот
Во разговор во поткастот „Going Mental“, Емили признала дека одолговлекувала да го заврши бракот.
„Немав храброст да заминам долго време. Бев многу несреќна“, искрено рекла таа, па додала: „Тој стрес го чувствував и физички, имав само 45 килограми после породувањето. Не бев добро“.
Раскажала и како се обидела да најде помош, пиела антидепресиви, но чувствувала дека проблемот не бил во неа: „На крај научив дека треба да го слушам сопствениот инстинкт“, додала таа.
Таа додала и дека денес многу од жените се одлучуваат за развод затоа што економски не се зависни од партнерот:
„Светот се смени. Многу од жените заработуваат еднакво или повеќе од своите партнери, а истовремено преземаат поголем дел од емоционалната и физичката работа дома“.
Поранешниот сопруг се повлекол од јавноста
За разлика од Емили, Себастијан целосно се повлече од јавноста, откако две тинејџерки го обвинија, тврдејќи дека по пат на социјалната мрежа Инстаграм ги злоупотребувал и сексуално ги искористувал.
Од друга страна, Емили ужива во новата фаза од животот. По разводот ја поврзуваа со познати мажи, а таа не се огласува на таа тема.