Братот на познатите музичари обвинет за силување и злоставување: Покрената е истрага, ова се деталите

Точка

29/07/2025

17:16

1.026

Големина на фонт

а а а

Пол Галагер (59), постариот брат на познатите музичари Ноел и Лиам Галагер од бендот „Оејзис“, обвинет е за силување и голем број сериозни сексуални и насилни дела, пишува „Телеграф“.

Според Метрополитенската полиција, тој е обвинет за силување, сексуален напад, намерно давење, присилна контрола, закани со смрт и телесни повреди. Инцидентите за кои е обвинет Галагер се случиле во периодот од 2022 до 2024 година, а жртвата е жена која, според полицијата, била поддржана од специјално обучени полицајци.


Скотланд Јард започна истрага против Пол Галагер во 2024 година, а неговото прво појавување пред суд се очекува следниот месец.

Портпаролот на Метрополитенската полиција го потврди следново:

„Пол Галагер, од Ист Финчли, е обвинет за силување, принудно и контролирачко однесување, три обвиненија за сексуален напад, три обвиненија за обид за задушување, две обвиненија за закана со убиство и нанесување телесни повреди“.


Пол живее во Ист Финчли, во Северен Лондон, во стан што неговиот помлад брат Ноел Галагер му го купил во 2004 година. Иако пораснал со Ноел и Лиам во Барниџ, Манчестер, тој никогаш не бил член на „Оејзис“, сега повторно обединетата група која моментално е на турнеја. Наместо тоа, Пол работеше како диџеј и фотограф со години.


И покрај веста, популарната група ја продолжуваат својата распродадена турнеја за нивното повторно обединување со претстојни концерти на Вембли, Единбург, Даблин и меѓународни дестинации.