[ВИДЕО] „Луксузниот ѕвер“ заплови во Јадранот: Младата милијардерка крстари со јахта чие изнајмување е 500.000 долари – се појави видео од Хрватска

Точка

26/07/2025

15:00

2.041

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавија гласини дека Кајли Џенер моментално се наоѓа во Хрватска, а сите достапни информации укажуваат на тоа дека оваа вест би можела да биде точна.

Откако престојувала во Турција и Грција, каде била забележана на луксузната јахта „Lady Britt“, истата таа јахта сега била забележана во близина на Дубровник.

Информациите од страницата „Vessel Finder“, потврдија дека јахтата со должина од 65 метри навистина се наоѓа во хрватските води, што дополнително ги зголемило сомнежите дека Кајли пристигнала на Јадранот.

Иако нејзиното присуство на јахтата сѐ уште не е официјално потврдено, бројни видеа и фотографии од луксузната јахта кружат на интернет, привлекувајќи големо внимание во јавноста.


„Lady Britt“ е исклучително опремена јахта која може да прими до 12 гости, со 16 членови од посадата. Меѓу содржините кои ги нуди има спа-центар, сауна, теретана со панорамски поглед и кино на отворено. Цената за изнајмување на јахтата изнесува околу 500 илјади долари за една недела.

Кајли (27) неодамна на својот Инстаграм профил споделила фотографии од одморот во Грција, позирајќи во луксузно Шанел бикини вредно 7.500 долари.


На одморот уживала во друштво на ќерката Сторми и своja блискa пријателка. Во едно од видеата, тие две играат, со порака: „Најдобра пријателка за цел живот“.