Дали си забележал дека вкусот и аромата што те привлекуваат може да откријат нешто повеќе за тебе? Начинот на кој ги доживуваме сетилата не е случаен, напротив ова зависи од сите наши претходни искуства, навики, емоции и средината во која живееме. Токму затоа денес компаниите сè повеќе создаваат производи со идеја да понудат персонализирано искуство. Палетата на вкусови станува начин на изразување, продолжение на сопствениот стил и став.
Ова е пракса на компании од прехранбената и козметичката индустрија, па сè до вејпинг уредите и безалкохолните пијалаци, кои стекнуваат јасна предност на пазарот затоа што одговараат на сè поизразената потреба на потрошувачите да се идентификуваат преку производите што ги користат.
Ароматизираните уреди CRYSTAL се еден пример за тоа како еден полнолетен корисник може да се идентификува со производот преку вкус или арома.
Што содржат ароматизираните уреди - вејповите?
Вејповите се популарни електронски уреди кои всушност користат течности составени од состојки кои вусшност нам не ни се непознати или „мистериозни“, напротив, користат дел од состојки што секојдневно ги користиме.
Во еден CRYSTAL уред на самата декларација во составот ќе прочитате дека се состои од основни компоненти како што се пропилен гликол, растителен глицерин, ароми и никотин, се присутни и во храна, козметика и во фармацевтски производи.
Секако, овие супстанци во вејп уредите се користат во строго контролирани количини и подлежат на регулативи за квалитет и безбедност. Од оваа перспектива, станува појасно дека не се работи за нешто непознато или опасно по природа, туку за технологија што нуди алтернатива со познати и проверени состојки.
Малку повеќе објаснување за состојките и нивната намена:
• Пропилен гликол (PG) – супстанца која служи како носител на ароми во течностите за електронски цигари. Слична улога има и во прехранбената индустрија, каде што се користи во кондиторски производи, шејкови, протеински барови, пекарски производи и храна со додадени ароми. (Одобрено е како безбедна за консумација во прехрана, во одредени количини.)
• Глицерин (VG) – чест овлажнувач и носач во вејп уредите, кој исто така се користи во храна, особено во сирупи, бонбони, засладувачи, печива и диетални производи. (Исто така е одобрен за безбедна употреба во прехранбени производи.)
• Ароми и вкусови – голем дел од ароматичните соединенија што се користат во вејп течностите се идентични или многу слични со оние што се користат за ароматизација на храна и пијалаци. Тука спаѓаат овошни, десертни, ментолови и други вкусови што потрошувачите веќе ги препознаваат.
• Никотин – главната активна состојка во овие уреди, а се добива од тутун. Вејп уредите содржат никотин во строго контролирани дози, слично на производите за никотинска замена и не содржат стотици токсични хемикалии што настануваат при согорување, како кај класичните цигари. Никотинот е супстанца што создава зависност поради што неговата употреба мора да биде информирана, контролирана и регулирана.
Вкусот и аромата што одговараат на твојот карактер
Психологијата на вкусот покажува дека секоја наша склоност кон одреден вкус или арома може да биде огледало на нашиот карактер, односно да одреди дали сме динамични и љубопитни, или пак повеќе сакаме сигурност и удобност. Некои од нив будат чувство на носталгија, други разиграност, трети некаква сензуална блискост.
Па така ако на пример преферираш овошни ноти, можеби си личност полна со енергија и љубопитност. Слатките вкусови ги бираат оние кои сакаат удобност и носталгија, додека свежите и ментол варијанти им прилегаат на оние што зрачат со смиреност и баланс.
Палетата на вкусови кај некои производители се развива со цел да понуди разновидност и флексибилност за сечиј карактер, што најдобро може да го одрази неговиот стил и внатрешна енергија. На пример, вејп уредите CRYSTAL(глобално познат бренд присутен во над 50 земји) нудат широка палета на производи на нашиот пазар:
• Со никотин: Blueberry Raspberry, Peach Ice, Cola Ice, Cherry Ice, Kiwi Passion Fruit, Tiger Blood, Pink Lemonade, Fresh Menthol Mojito
• Без никотин: Grape 0%, Watermelon 0%
Во зависност од личните преференци, полнолетниот корисник може да избере уред со или без никотин.
Зошто вкусот е дел од карактерот?
Некои вкусови ни будат носталгија, други ни даваат чувство на свежина или енергија. Па затоа, не е чудно што токму вкусот е една од првите работи што ја поврзуваме со некое пријатно искуство. Вкусот е спомен. Вкусот е став. Вкусот си ти.
Ако те интересира повеќе за состојките, вкусoвите или техничките карактеристики на CRYSTAL уредите, повеќе можеш да прочиташ на: https://evapify.mk/.
Комерцијален текст