Во Леон, град во северозападна Шпанија, најновиот потег на градскиот совет кој имал за цел да „направи жените да се чувствуваат побезбедно“ предизвика бура од коментари.
Паркинг местата обележани во розова боја со силуета на жена во здолниште предизвикаа бура од коментари – и тоа не само меѓу мажите, пишува „Јуровикли њуз“ (euroweeklynews).
Градоначалникот на Леон, Хозе Антонио Диез, инсистира дека обележувањето на розовите паркинг места има за цел „заштита на ранливите групи“. Идејата на локалните власти е розовиот паркинг да биде поширок, посветол и поблиску до тротоарот – со цел да биде позаштитен од можни напади. Градското собрание го нарекува тоа „родова перспектива на мобилноста“. Како одговор на таквото објаснување на необична идеја, имаше различни реакции од жителите на Леон, како и од оние на социјалните мрежи.
Остри критики стигнаа од самите жени: „Поради таков потег, изгледаме беспомошно!“, „Ако мојот сопруг вози, а јас сум во автомобилот, дали му е забрането да ме остави на такво паркинг место?“, „Дали е ова напредок или само маскирање на вистинските проблеми?“, се некои од реакциите на мештаните.
Меѓу коментарите на корисниците на социјалните мрежи се наведуваат тврдења дека овој потег е навредлив, додека други сметаат дека сето тоа е едноставно збунувачко.
Мажите исто така го дадоа своето мислење, при што многумина го нарекоа воведувањето на розовите паркинг места „обратна дискриминација“ и посочија дека шпанскиот устав не дозволува ваков вид правило базирано на пол.
Низ градот дури кружат гласини дека мажите кои ќе се осмелат да паркираат на розово паркинг место би можеле да бидат казнети – прашање кое многу ги интересираше адвокатите и мажите кои навистина не знаат како да се однесуваат во оваа ситуација.
Моментално, неколку паркинг места на централниот паркинг во Леон се означени како „женски“. Обоени во светло розова боја, тие се обележани со силуета на жена облечена во здолниште – не оставајќи апсолутно никаква сомнеж за тоа кој треба да има право да паркира таму.
Проблемот е што никој не е сигурен дали зад овој потег на градските власти навистина стои грижа за безбедноста, само претстава или желба за наслови.
Реакциите од локалното подрачје се ширеа понатаму, така што жените и мажите низ цела Шпанија имаат свое мислење за настаните во Леон.
Некои велат дека розовата боја е „сексистичка бесмислица“, други се загрижени дека таа премолчено сугерира дека жените се лоши во паркирањето или им е потребен посебен третман. „Како да мислат дека сите ќе бидеме ограбени“, се пожали една универзитетска студентка, додека нејзината пријателка се пошегува: „Барем е лесно да се види местото од вселената“.
León acaba de instaurar plazas de aparcamiento solo para mujeres.
— Clonazepam (@Clonazepamers) July 16, 2025
No entiendo que haya mujeres que estén de acuerdo con el feminismo, literalmente las tratan como si fueran discapacitadas. pic.twitter.com/0qMQLy6Isi
Градоначалникот Диез и неговиот тим велат дека слични идеи се појавиле во Германија и Италија, но само шпанската верзија на „женскиот паркинг“ се чини дека ги обединила локалните жители во конфузија и критики, наместо во чувство на сигурност.
Некои жители тврдат дека градот би било подобро да инвестира во подобро осветлување, повеќе безбедносни патроли и јасни кампањи за безбедност – за сите.
Засега, розовите паркинг места сѐ уште се таму – празни и предизвикуваат повеќе расправии отколку решенија. Ако целта беше да се започне дебата, мисијата е исполнета. Ако беше да се направат жените да се чувствуваат безбедно? Тоа е сè уште тема на дискусија во Леон, пренесува „Јуровикли њуз“ (euroweeklynews).