Во познатото летувалиште се одигруваат реални сцени од хоророт на Хичкок: Агресивни птици ги напаѓаат туристите, само чекаат да седнат во рестораните

Точка

23/07/2025

13:15

820

Големина на фонт

а а а

Веќе неколку недели во центарот на Порто доаѓа до напад на туристите од страна на гладни птици кои јадат на терасите од рестораните.

Како што може да се види од видеата достапни на интернет, птиците кои ги напаѓаат туристите во Порто ги предводат галеби, агресивни птици кои влетуваат меѓу гостите.

Во текот на месец јули, во повеќе наврати во центарот на градот се одиграле вакви сцени налик на оние од филмот на Хичкок „Птици“.


Според зборовите на локалните угостители, птиците иритираат и провоцираат, а луѓето се бесни. Најголемите крадци на храна од чиниите се гулабите.

„Пред неколку денови, еден гулаб се обиде да одлета од масата носејќи шницла од 300 грама. Успеа да ја земе од чинијата, но набрзо потоа падна на земјата затоа што пленот му беше претежок за бегство“, раскажал сопственик на ресторанот „A Brasa“ во Порто и додал дека имало многу жалби од страна на гостите кои ги нервираат птиците.

Магазинот „Jornal de Noticias“ повикувајќи се на угостителите, наведува дека галебите се поагресивни од гулабите и дека многу самоуверено се однесуваат на терасите од рестораните. Често, како што може да се види од видеата, ги напаѓаат гостите додека им ја земаат храната.

Португалските угостители тврдат дека макети од соколи се поставени на фасадите од објектите, но ниту тие не умеат да ги заплашат птиците. Ниту дроновите не се покажале за успешни во таа задача.


Според мислењата на биологот, професор Адриан Бордал, една од главните причини што птиците сѐ почесто се задржуваат околу рестораните е несоодветното затворање на контејнерите за ѓубре во близина на угостителските објекти.

„Мирисот на храна ги привлекува птиците во центарот на Порто. Нивното присуство стана толку често што сега претставува сериозен ризик по јавното здравје“, оценил португалскиот биолог.