Еден од моментите кога била сигурна дека нејзините миленици ќе се согласуваат бил кога влегла во дневната соба, а сцената што ја дочекала ѝ измамила насмевка на лицето.
Иако често сме слушале дека пријателството меѓу мачки и кучиња е невозможно, многупати ова тврдење се покажало како неточно. Таков е случајот и со малиот црн мачор Бинкс и лабрадорот Кампер, на кои не им требало многу време за да станат најдобри пријатели.
Нивната сопственичка, која го има и лабрадорот Кода, се плашела како големите кучиња ќе се однесуваат и ќе се навикнат на мачето, но нејзиниот страв набрзо бил заменет со среќа кога видела колку добро се согласуваат.
@kampinwithkoda he loves sitting on top of the dogs 🤣😭 #dogandcat #silverlab #bestfriend #dogsoftiktok #catsoftiktok ♬ Welp, Didn't Expect That - Yu-Peng Chen & HOYO-MiX
Еден од моментите кога била сигурна дека нејзините миленици ќе се согласуваат бил кога влегла во дневната соба, а сцената што ја дочекала ѝ измамила насмевка на лицето. Во дневната соба, на тепихот лежел Кампер, а на него удобно се сместил Бинкс.
Добриот лабрадор знаел дека „станувањето е забрането“ сè додека мачорот не си замине, а нивната сопственичка го снимила овој сладок момент и го споделила на својот профил на „TikTok“, каде што предизвикала насмевки кај илјадници корисници на популарната платформа.
Целата симпатична сцена можете да ја погледнете во приложеното видео.