Во овие градови најтешко се живее, покажа истражувањето: Таму владеат бедата и насилството, а и Европа се најде на листата

Точка

21/07/2025

09:13

3.482

Големина на фонт

а а а

Листата на најтажните места за живеење на светот ги вклучува градовите чии жители се борат со тешкиот секојдневен живот. Четири афрички градови се меѓу првите десет.

Нигерија и Зимбабве се рангирани меѓу 10-те најтажни места на светот за живеење. Рангирањето е основано на Глобалниот индекс на услови за живот, истакнувајќи ги местата кои се посебно предизвикувачки за живеење.


Годишниот извештај којшто го изработил „Economist Intelligence Unit“, ги проценува градовите врз основа на стабилноста, здравствената заштита, образованието, инфраструктурата и животната средина – клучните индикатори кои влијаат на вкупниот квалитет на живот. Исто така се мери и стапката на криминал, социјалните немири и ризикот од конфликти.

Африка доминира меѓу десетте најтешки места за живот. Поголем дел од афричките земји се соочуваат со постојани економски притисоци, несигурности и предизвици во јавните служби.

Многу од афричките градови се соочуваат со постојани политички немири, несигурности и ограничен пристап кон квалитетната здравствена заштита, додека пак недоволно финансираните образовни системи придонесуваат во лошиот квалитет на животот.

Во Нигерија градовите како Лагос и Порт Харкорта и натаму патат поради пренаселеност, несоодветен здравствен систем и растечка стапка на криминал, додека пак престолнината на Зимбабве, Караре, и натаму е оптоварена со хиперинфлација, застарена инфраструктура и ограничен пристап кон основните услуги.

Алжир и Либија исто така се препознаени како некои од најтешките места за живеење во светот, придружувајќи им се на Нигерија и Зимбабве на листата која укажува на притисоците со кои се соочуваат бројни афрички градови.

Триполи во Либија и натаму се бори со последиците од долготрајниот конфликт и ослабени институции, додека пак Алжир се соочува со структурни економски предизвици и ограничување на граѓанската слобода.


Ова се градовите во кои најтешко се живее:

1. Каракас, Венецуела;
2. Киев, Украина;
3. Порт Морсби, Нова Гвинеја;
4. Хараре, Зимбабве;
5. Лагос, Нигерија;
6. Алжир, Алжир;
7. Карачи, Пакистан;
8. Дака, Бангладеш;
9. Триполи, Либија;
10. Дамаск, Сирија.