Сингапур трета година по ред е прогласен за најскап град на светот за живот на богати поединци и повторно ги надмина Лондон и Хонгконг.
Овој град-држава го зазеде првото место по цените на автомобили и женски чанти, второто место по цените на женски чевли, како и третото место по цените за недвижнини и здравствена заштита.
Во споредба со претходната година, Сингапур забележал најголем раст на цената на авионските карти во бизнис класата кои се зголемиле за дури 17 отсто. Цените на велосипедите и трошоците во приватните училишта се зголемиле за 15,6 отсто, односно 12,1 отсто.
Сепак, Сингапур и натаму останува многу пријатен град за живеење којшто ги привлекува глобалните компании и богати поединци, луѓе со имот вреден милиони или повеќе американски долари.
„Со оглед на денешната непредвидлива ситуација во светот, Сингапур е ценет поради стабилноста, безбедноста и поврзаноста со Азија и пошироко“.
За составување на оваа листа, банката „Julius Baer“ анализирала корпа од 20 производи и услуги во 25 глобални градови.
Оваа ставка претставува производи и услуги кои богати поединци најчесто ги бираат, вклучувајќи автомобили, часовници, чанти, како и услуги како здравствена заштита и приватно образование.