„Градите ми пораснаа толку многу што не можев да одам без количка“: Лекарите биле шокирани од она што го откриле

Точка

22/07/2025

18:31

2.410

Големина на фонт

а а а

На почетокот на минатата година, нејзините гради биле сосема нормална големина. Но, секој месец растеле за дополнителни 700 грама по дојка.

Дваесет и двегодишната Бразилка Тајнара Маркондес доживеала вистински кошмар кога нејзините гради за само неколку месеци пораснале до неверојатни 12 килограми. Тајнара, која работи како асистент на настава, првично помислила дека има рак на дојка. Меѓутоа, лекарите ѝ поставиле ретка дијагноза, „гигантомастија“, состојба што предизвикува неконтролиран и забрзан раст на градите, а во медицинската литература се забележани само околу 300 такви случаи.

На почетокот на минатата година, нејзините гради биле сосема нормална големина. Но, секој месец растеле за дополнителни 700 грама по дојка.


Наскоро, Тајнара почнала да чувствува силни болки во грбот, рамениците и вратот. Поради тежината на градите, понекогаш морала да користи инвалидска количка за да се движи.

„Не можев повеќе да ги правам основните работи, да си ги врзам врвките, да ја чистам куќата, па дури ни да си ги исечам ноктите на нозете. Сè ме болеше“, изјавила таа за локалните медиуми.


„Во еден момент, персоналот во продавница дури ме обвини за кражба, мислејќи дека под градите кријам украдени производи. Луѓето зјапаа, покажуваа со прст, а јас се чувствував сè полошо“, раскажала таа.

Откако ѝ била дијагностицирана „гигантомастија“, лекарите препорачале итна операција за намалување на градите. Иако била на листата на чекање во државното здравство, болките станале неподносливи, па Тајнара започнала онлајн кампања за собирање пари.


Успеала да собере околу 40.000 реала (околу 7.000 евра) за десетчасовна операција. Хирурзите отстраниле дури 10 килограми ткиво од нејзините гради. Сепак, операцијата оставила и трајни последици — Тајнара повеќе нема чувство во брадавиците и нема да може да дои.

И покрај сè, Тајнара вели дека е среќна и дека се чувствува како нова личност. „Понекогаш плачам затоа што сè уште не можам да поверувам дека го направив тоа“, рекла таа.


Лекарите продолжуваат да го следат нејзиното здравје бидејќи постои ризик градите повторно да почнат да растат. Ако тоа се случи, можеби ќе мора да се подложи на целосна мастектомија, односно отстранување на двете дојки.

„Гигантомастијата“ е исклучително ретка состојба и сè уште не е целосно јасно што ја предизвикува, иако се поврзува со хормонални промени и одредени лекови за плодност.