Иако има само 17.000 следбеници, Ели сподели импресивни приходи што ги остварила благодарение на видеото што собрало 4,1 милиони прегледи.
Ели Девани стана сензација на „TikTok“ во март 2024 година кога едно од нејзините видеа стана вирално. Речиси една година подоцна, таа сè уште заработува од него, а сега се врати на својата платформа за да го сподели клучот за нејзиниот успех.
Иако има само 17.000 следбеници, Ели сподели импресивни приходи што ги остварила благодарение на видеото што собрало 4,1 милиони прегледи. Во видеото таа покажала „совршена шминка“ со која нејзината мала ќерка може да си игра, а била шокирана од одзивот на публиката.
Како едно видео донесе илјадници фунти заработка
„Ова е износот што го заработив – и не се фалам, само сметам дека ваквите видеа се многу интересни. Го објавив во март 2024 година и сè уште ми носи пари“, започна таа. Ели откри и три клучни начини за заработка на „TikTok“. „Ова конкретно видео беше поврзано со ’TikTok Shop‘, што значи дека добивате провизија ако некој купи производ преку вашиот линк“, објасни таа.
Понатаму, таа истакна дека приклучувањето кон „Creator Program“ овозможува заработка од подолги видеа, додека користењето популарни звуци носи приход врз основа на бројот на прегледи. „Се разбира, можете да заработувате и од спонзорства и реклами“, додаде таа.
Што беше клучно за нејзиниот успех? Ели го сподели успехот на своето видео, кое собрало над 42.000 лајкови и призна: „Смешно ми е бидејќи во тоа видео не вложив никаков труд – ми требаше само една минута за да го снимам. Мислев дека е лошо, но стана моето највирално видео.“
@elliedevanny Perfect for makeup mad toddlers 💅💄 #toddlertok #makeup #toddler #roleplay ♬ original sound - Ellie & Ava 🫶🏼
На едно видео заработи 5.500 евра
Во месецот кога беше објавено, видеото придонесе за продажба на 1.600 производи и ѝ донесе околу 2.800 фунти (3.362 евра) провизија. Заработката продолжи да расте и во наредните месеци: 753 фунти во вториот месец, потоа 122, 182 и 301 фунта. До февруари 2025 година, тоа едно видео ѝ донесе вкупно 4.611,24 фунти, односно околу 5.500 евра.
Ели ги охрабри другите да се обидат во креирањето содржини: „Сфатете го ова како голем знак дека треба да почнете да правите содржини. Ако сте се двоумеле, постојат толку многу можности за заработка.“
Поделени реакции на тиктокерите
Нејзината приказна предизвика различни реакции. Еден тиктокер сподели разочарување: „Моето видео имаше 23 милиони прегледи, но не траеше една минута, па не заработив ништо“, а Ели му одговори сочувствително: „Тоа е навистина разочарувачки.“
Други ја пофалија: „Ти благодарам што го сподели ова!“, „Ова само покажува дека никогаш не знаеш кое видео ќе експлодира! Ќе продолжам да објавувам“, беа некои од коментарите.
Ели Девани докажа дека „TikTok“ може да биде профитабилна платформа дури и со помал број следбеници, а нејзината приказна инспирираше многумина да се осмелат и да ги искористат можностите што ги нудат социјалните мрежи.