Жената со дињата: Бразилката која ја полуде Америка

Точка

26/06/2025

14:49

1.750

Големина на фонт

а а а

„Навивам за Фламенго од мали нозе и секогаш го носам мојот среќен дрес – со него освоивме неколку шампионати“, вели Рената.

Колку што светот знае дека Бразилците се страствени љубители на фудбалот, уште поголемо е восхитувањето кон начинот на кој Бразилките ја изразуваат таа љубов.

Таков е случајот со „Жената со диња“, која на Клупскиот Мундијал во САД својата страст кон Фламенго ја покажа не само со зборови, туку и со телото – и тоа мошне провокативно.


Рената Фризон, со уметничко име Кристина Селија Антунеш Батиста, 38-годишна пејачка, танчерка и актерка, го поддржува најпопуларниот клуб во Бразил – Фламенго, кој брои околу 47 милиони навивачи. Нејзините настапи, како пред стадионите, така и во јавниот превоз, редовно се одвиваат во (многу) оскудна облека во боите на Фламенго.


Најголем впечаток остави во Филаделфија, каде пред стадион со подигнат дрес и црни танга гаќички, позираше со знамето на клубот, будејќи ја страста кај фановите на Фламенго, а во исто време привлекувајќи зачудени погледи од случајните минувачи.

Реакциите не изостанаа

Нејзиното возење со железница до натпреварот, во речиси разголена состојба, предизвика бројни реакции – од пофалби: „Единствена си, девојко“, до критики: „Како уште не ја уапсија?“, „Американската полиција спие“, „Срамота – полугола жена по улици и јавен превоз.“

Рената подоцна призна дека фотосесијата завршила пред да пристигне полицијата, со што избегнала евентуално апсење.


Но, Рената не е само визуелна сензација – таа прецизно го предвиде резултатот на натпреварот од второто коло од групната фаза:

„Ќе биде 3:1 за Фламенго!“ – и погодила.

Позната и како инфлуенсерка, Рената во 2021 година отвори профил на платформата за возрасни "OnlyFans", со што стана милионерка.


„Секогаш со среќниот дрес“

Бразилскиот гигант Фламенго ја заврши групата Д на првото место и го очекува тешко осминафинале против Баерн Минхен. Но, кога „жената со дињата“ е тука …

„Навивам за Фламенго од мали нозе и секогаш го носам својот среќен дрес. Неколку шампионати се освоени кога сум го носела него“, вели Рената, која на "Instagram" ја следат 3,1 милиони луѓе.