Милош Керкез официјално е фудбалер на Ливерпул. Тој потпиша договор со шампионите на Англија и истакна дека едвај чека да започне авантурата на Енфилд.
Левиот бек потпиша петгодишен договор, со што го комплетираше трансферот од Борнмут во Ливерпул вреден 47 милиони евра.
– Чест и привилегија е да се игра за еден од најголемите клубови во светот и најголемиот во Англија. Навистина сум многу среќен и возбуден – рече Керкез.
Унгарскиот репрезентативец роден во Врбас ги откри своите понатамошни планови.
– После ова, си одам дома во мојот роден град, да уживам неколку дена. А потоа доаѓам да тренирам и да се подготвам за новата сезона. Едвај чекам.
Минатата сезона Керкез играше во Борнмут и на 41 натпревар постигна два гола и запиша шест асистенции.