Милан блиску до потпис со италијански репрезентативец

Дерби

26/06/2025

13:20

237

Големина на фонт

а а а

Милан под водство на новиот оперативец Игли Таре ќе се обиде да изгради квалитетна екипа во овој летен преоден рок, тим со кој тренерот Масимилијано Алегри ќе може да дојде до целите во натпреварувачката 2025/2026.

„Росонерите“ ќе бидат фокусирани само на домашните натпреварувања и тоа значи дека нема да биде потребен некој преголем ростер, ама ќе треба да има квалитетни играчи кои ќе можат да одговорат на сите позиции.

Таре веќе најави дека Милан ќе ја освежи, засили средината на теренот и дека освен Лука Модриќ ќе пристигнат уште двајца играчи. Како што стојат работите еден од нив по се изгледа ќе биде италијанскиот репрезентативец од редовите на Торино, Самуеле Ричи.

Клубот веќе се има разбрано со Ричи и сега останува само клубовите да ја завршат работата и тоа ќе биде за сума од околу 25 милиони евра. Самуеле има 23 години, во претходнава сезона беше и соиграч со Елиф Елмас, одигра вкупно 36 средби со 1 гол и 2 асистенции.

Останува да се види кој ќе биде и другиот избор на Таре, фаворити се Гранит Џака од Баер Леверкузен и Ардон Јашари од Клуб Бриж.