Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ја запиша втората победа на ИТФ фјучерсот во Загреб, победа над вториот носител на турнирот Душан Обрадовиќ од Србија.
Ивановски успеа да го надигра Обрадовиќ во мечот кој беше поделен на два дела, прв сет во кој Србинот доминираше и славеше со 6-2 и втор дел во кој Македонецот комплетно го надигра противникот, направи пресврт со 6-1 и 6-2 за место во четвртфиналето на овој настан што се одржува во хрватската престолнина за награден фонд од 15.000 долари.
Калин имаше 7 аса на ова соочување и вкупно освои 84 поени.
За место во полуфиналето ќе игра со домашниот рекет Вито Тонејц кој дојде тука со победа над петтиот носител на турнирот.