Американскиот атлетичар Крис Робинсон победи на трката на 400 метри со пречки на митингот од Златната лига и ја помина целната линија и покрај тоа што му пукна шорцот во самиот финиш, при што неговиот полов орган стана видлив пред камерите и публиката.
Инцидентот се случил во завршницата на трката, кога Робинсон во борбата за победа ја прескокнувал последната пречка. Во тој момент, неговиот шорц се скинал, оставајќи дел од телото откриен пред публиката на стадионот и во директен телевизиски пренос.
Снимките и фотографиите од пистата експресно се проширија на социјалните мрежи и интернет портали, предизвикувајќи лавина реакции и милиони прегледи.
И покрај непријатната ситуација, Робинсон не се откажа. Го продолжи трчањето и прв стигна на целта, додека публиката на трибините го поздрави со аплаузи и овации.