Организаторите и публиката во Хожов, Полска, беа разочарани од легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо по добротворниот натпреварот наречен „Ronaldinho show“ во кој се сретнаа легендите на Полска и Бразил.
Иако настанот требаше да биде весела фудбалска и музичка манифестација, на крајот заврши како разочарување.
Имено според извештаите на полските медиуми, Роналдињо два часа доцнел на ручекот пред почетокот на официјалниот дел од програмата.
Меѓутоа покрај тоа, не се согласил со планираните медиумски обврски, побарал индивидуален превоз до стадионот и одбил да дели автомобил со поранешни соиграчи и легенди на полскиот фудбал.
Роналдињо на теренот поминал 73 минути, а потоа, според полски извори, едноставно го напуштил стадионот дури и без да се истушира.
Сепак, неколку часа подоцна, преку социјалните мрежи Бразилецот им се заблагодари на публиката и учесниците. Тој ја пофали атмосферата пред околу 60.000 гледачи и нагласи дека било голема чест што имал можност да заигра со својот брат и син и упати благодарност до домаќините.
Инаку, натпреварот заврши нерешено (2:2).