Игра во страшна форма: Македонецот Илоски со „покер“ партија му пресуди на Ванкувер

Дерби

26/06/2025

14:27

335

Големина на фонт

а а а

Македонецот Милан Илоски игра во страшна форма во МЛС лигата во дресот на Сан Диего, а негова последна жртва беше составот на Ванкувер Вајткепс кој настрада на домашен терен.

Сан Диего славеше на ова гостување со 5-3 и најголем „виновник“ за тоа е Илоски кој беше незадржлив и ги даде првите четири гола за својот тим.

Се започна во 35 минута, потоа погоди и во 37, 44 и 47 минута со што ја потврди „покер“ партијата, издание со кое влезе во историјата на МЛС лигата како 20 играч кој успеал да даде четири или повеќе голови на лигашки натпревар.

Офанзивецот на последните три средби има учинок од 7 голови што говори во каков ритам е во моментов. Инаку тој има американски и македонски пасош, има договор со дански Нордсјеланд до 2027 година или поточно игра како позајмен фудбалер во Сан Диего.