Смртоносна габа од „проколнатата“ гробница на Тутанкамон може да помогне во лекувањето на ракот

Точка

26/06/2025

11:04

542

Големина на фонт

а а а

Отровната габа која се наоѓа во „поколнатата“ гробница на Тутанкамон би можела да помогне во борбата против ракот, открија научниците.

„Aspergillus flavus“, мувла што се наоѓа во затворени гробници, може да предизвика фатални респираторни проблеми или алергиски реакции кај луѓе со ослабен имунолошки систем, пренесува „Телеграф“.

Се смета дека е делумно одговорна за смртта на неколку луѓе кои влегле во гробниците, вклучувајќи го Тутанкамон во 1923 година и онаа на полскиот крал Казимир четрврти Јагелонијан во 1973 година.


Сега научниците открија дека нејзините смртоносни спори се исто така смртоносни за леукемијата и се надеваат дека ќе почнат да ја тестираат на животни пред конечно да ја преминат на луѓето.

„Природата ни ја даде оваа неверојатна аптека и од нас зависи дали ќе ги отклучиме нејзините тајни“, изјавила Шери Гао, вонредна професорка по хемиско и биомолекуларно инженерство на Универзитетот во Пенсилванија.

„Габите ни го дадоа пеницилинот. Овие резултати покажуваат дека има многу повеќе лекови добиени од природно потекло што сè уште не сме ги откриле“, додаде таа.

Лежи во мирување со векови, а потоа се реактивира кога е „нарушена“.

„Aspergillus flavus“ може да лежи во мирување со векови и да се реактивира само кога е „нарушена“. Познато е дека расте на зрна, кои често биле ставани во гробници како гробни прилози.


Откако археолозите ја отворија гробницата на Тутанкамон, следеа серија предвремени смртни случаи меѓу тимот за ископување, вклучувајќи ги и оние на Лорд Карнарвон, британскиот патрон на ископувањето, Џорџ Џ. Гулд финансиер и Артур Мејс египтолог, по што ги поттикнаа гласините за проклетството на фараонот.

Но, експертите подоцна теоретизираа дека може да станува збор за габа, која можеби била во мирување илјадници години.


Во 1970-тите, десетина конзерватори влегле во гробницата на Казимир четврти во Полска, и за неколку недели, десет од нив починале. Подоцнежните истражувања открија дека гробницата содржела „Aspergillus flavus“.

Во новата студија, научниците проучувале десетина соеви на „Aspergillus flavus“ за да видат дали произведуваат нешто што може да се пренамени како лек. Тие откриле моќни молекули за борба против ракот, кои ги нарекле асперигимицини.

Дури и без модификација, асперигимицините покажале силен медицински потенцијал против клетките на леукемија.

Асперигимицините се покажале како ефикасни како цитарабин и даунорубицин, два лека што се користат за лекување на леукемија со децении.

Преку понатамошно експериментирање, истражувачите откриле дека асперигимицините делуваат така што се мешаат во процесот на делба на клетките на ракот.

„Клетките на ракот се делат неконтролирано. Овие соединенија го блокираат формирањето на микротубули, кои се неопходни за клеточната делба“, рече д-р Гао.