Докторите предупредија на опасен метал кој се наоѓа во лебот и другите намирници: „Тој е меѓу најтоксичните на светот“

Точка

26/06/2025

09:30

1.032

Големина на фонт

а а а

Француските доктори предупредија поради влијанието на токсичниот тежок метал врз здравјето на луѓето, а истиот може да се најде во секојдневните намирници, како што се леб, житарици и компир.

Кадмиумот којшто предизвикува канцер кај луѓето, природно се наоѓа во земјиштата и се користи во фосфатните ѓубрива, што значи дека влегува во ланецот на исхрана по пат на посевите. Храната е главен извор на изложеноста на кадмиум кај поголем дел од луѓето иако тој се наоѓа и во цигарите, пишува „Euronews“.

Сега, француската асоцијација на медицински професионалци предупредува дека доаѓа до „експлозија на контаминација на малите деца“ поради нивната исхрана, што веројатно ќе има последици по здравјето кога ќе пораснат.


„Тој метал се смета за еден од најтоксичните во светот“, се наведува во писмото на докторите упатено до француската влада на 2 јуни.

Кадмиумот се доведува во врска со канцер на панкреас, бели дробови, простата и бубрези, како и со срцеви болести, проблеми со плодноста, оштетување на бубрезите, невролошки нарушувања и болести на коските.

Според податоците на француската агенција за безбедност на храна и заштита на животната средина, исхраната кај 0,6 отсто од возрасните содржи премногу кадмиум. Тој процент расте на 14 отсто кај децата на возраст од 4 до 17 години, а дури 36 отсто кај малите деца, помали од три години.

Меѓу 2000 и 2022 година, Италија забележала најголемо предупредување на кадмиумска контаминација во Европската унија, потоа следат Шпанија, Германија, Франција и Полска, според студија од 2023 година.

Меѓутоа, Франција која е најголем потрошувач на фосфатни ѓубрива во ЕУ, сѐ уште не презела чекори дополнително да ја намали дозволената количина кадмиум, без оглед на предупредувањата на истражувачите дека дури и ограничувањето од 60 mg/kg не е доволно.


Група доктори ја повикале француската влада да иницираат кампања за зголемување на свеста, промена на менијата во училиштата, промовирање на органски здрава храна поради ниското ниво на кадмиум.

Докторите нагласиле дека клучно е да се преземат мерки за да се намали изложеноста на кадмиум затоа што можат да поминат години, па дури и децении пред целосно да се покажат неговите ефекти на човековото здравје.