Како изгледа вселената забележана со „најмоќната камера на светот“ – објавени првите фотографии

Точка

23/06/2025

16:20

1.209

Големина на фонт

а а а

Во Чиле објавени се првите фотографии направени со помош на новиот телескоп „Вера Ц. Рубин“ кои ја покажуваат неговата способност да „ѕирне“ во темните длабочини на вселената.

На една фотографија се гледаат огромни, шарени облици на гас и прашина како се вртат во областа на создавање на ѕвезди, на оддалеченост од 9.000 светлосни години од Земјата, пренесува „BBC“.


Опсерваторијата „Вера Ц. Рубин“ во која се наоѓа најмоќната дигитална камера на светот, ветува дека ќе го промени нашето сфаќање на вселената.

Научниците тврдат дека доколку постојат девет планети во Сончевиот систем, тогаш овој телескоп би успеал да ги пронајде во текот на првата година од работењето.

Телескопот би требало да детектира опасни астероиди во домет на Земјата и да го мапира Млечниот пат.


Покрај тоа, ќе даде одговорни на клучните прашања за темната материја која е поголем дел од вселената.

Ова е единствен момент за астрономијата, почеток на непрекинатото 10-годишно снимање на јужното ноќно небо.

Велика Британија е важен партнер во ова истражување и ќе угости центри за обработка на податоците кои ќе ги обработуваат исклучително деталните фотографии додека телескопот ќе го скенира небото и ќе забележи сѐ што ќе најде.

Телескопот „Вера Ц. Рубин“ би можел да го зголеми бројот на познатите објекти во Сончевиот систем.