Бизарна и малку страшна, но сосема вистинита приказна за диплома и бестселер што еден Србин од дијаспората ги стекнал за кратко време.
Далибор работел деноноќно цели 30 дена. Но, како што рече, тоа му се исплатело максимално. Станал писател и новинар, но и програмер, дизајнер и маркетинг експерт, пишува „Време“.
За период од еден месец, тој пронашол феноменална жена психолог и писателка и ја објавил нејзината книга, која станала бестселер, а и „Њујоршкиот магазинот“ пишувал за неа.
Можеби оваа приказна не звучи вистинито, но како што рече Далибор секој може да го пребара интернетот и да ја пронајде неговата веб-страница Далибор преку која се продава книгата. Психологот е специјализиран за односот со децата, а книгата, заедно со неколку други додатоци што се нудат на страницата, дава јасни упатства – како да бидете модерни родители, кои нема да ги повторуваат грешките на сопствените родители.
„Океј, еве објаснување – сè направив со ChatGPT“, изјави Далибор за „Време“.
Како што објасни, преку ноќ станал програмер, автор, дизајнер, креатор на содржини и маркетинг експерт. Ја измислил оваа лажна писателка и психотерапевтка која работи со деца.
„Прочитав една книга на оваа тема, бестселер од Америка, и добив идеја“, истакна тој. „Ја замолив вештачката интелигенција да ги намали четиристотините страници од вистинската книга на околу сто. Сè е сосема различно, не се работи за плагијат. Исто така, му дадов упатствата за секое поглавје“, објасни Србинот.
Книгата зборува за тоа како да се премости јазот – мајката да ги препознае грешките што ги направиле нејзините родители, за да не ги применува тие грешки на своите деца.
„Нѝ беа потреби, едно четири или пет дена да го „напишеме“ тоа заедно. Мислам, јас и вештачката интелигенција“, додаде тој.
Потоа Далибор ја дизајнирал интернет платформата и самата книга, а Чет Џи-пи-ти му го дал женскиот лик на авторката, која, инаку е многу убава. Далибор потоа креирал страница на Википедија за неа.
„Дипломирала на Сорбона и има многу достигнувања, ја напишала таа книга што веќе е продадена во 250.000 примероци“, раскажа тој, не можејќи да се воздржи од смеа.
„Исто така, напишав интервјуа со неа, кои беа објавени на лажни веб-страници. Кога луѓето го бараат нејзиното име на Гугл, од тие интервјуа гледаат дека е многу паметна. Малку е тешко да се најдат на интернет, но нема врска. Ако некој навистина се обиде, ќе ги најде“, рече Далибор.
Меѓутоа тој исто така ѝ задал задача на вештачката интелигенција да направи корица за книгата и се обидел да го продаде целиот пакет на интернет.
„Се продава многу добро. Бидејќи моите трошоци се нула, му давам на Фејсбук половина од парите за да најде купувачи, а сè друго е мое. Феноменално!“, заклучи тој.
Далибор истакна дека за 10 дена заработува околу 1.000 евра нето заработка. Не продава тврди корици, туку само онлајн материјали, а истите чинат од 10 до 12 евра по книга, сликовница или прирачник, во зависност од изборот, пренесе Време.