Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ е една од најдобро облечените жени во светот, а во текот на својата голема кариера, но и по завршувањето воодушевува со својот стил каде и да се појави.
Во последно време, по раскинувањето со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, Ана изгледа поубаво од кога било, а имавме можност да ја видиме на одмор во Маврициус и на разни церемонии.
Вчера, тенисерката сподели фотографии од еден собир кој барал елеганција, а таа избрала проверено парче облека – виолетов фустан со потпис на Викторија Бекам.
Станува збор за модел наречен „Cami“, направен од висококвалитетен сатен, кој има тенки прерамки и отворен грб, а неговата цена е 1.190 долари.
Ана се одлучила за класичен слип фустан со макси должина, чие главно „оружје“ е едноставноста – суптилно ги истакнува контурите на телото и зрачи со ненаметлива елеганција, поради што ваквите фустани владееја во 90-тите, а ги носеа бројни познати супермодели како Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Синди Крафорд.
Во последниве години, слип фустаните доживуваат голем „камбек“ меѓу трендовите, а ги носеа бројни познати дами. Конкретно моделот „Cami“ имавме прилика да го видиме во сите бои на Викторија Бекам, која е најдобриот модел за нејзините креации, а верзијата во виолетова боја што ја носела Ана ѝ се допаднала и на Ким Кардашијан, која ја носела на модната ревија на брендот „Викторија Бекам“ во 2023 година.
Брендот препорачува фустанот да се носи со минимум накит, што Ким не го направила, односно носела скапоцени ѓердани од брендот „Pasquale Bruni“ и не носела градник, додека Ана го послушала советот и го комбинирала фустанот со едноставни висечки обетки, рачен часовник и виолетов прстен.