[ФОТО/ВИДЕО] Том Круз повеќе не ја крие љубовта со 26 години помладата колешка: Славниот пар ја потврди својата врска

Точка

30/07/2025

18:31

1.772

Големина на фонт

а а а

Се чини дека Том Круз и Ана де Армас повеќе не ја кријат својата врска, а сега беа фотографирани како се држат за раце додека шетаат.

Двојката е видена како се држи за раце за време на одмор во Вудсток, Вермонт, според фотографиите добиени од ТМЗ. Круз било лежерно облечен во фармерки и сина маица, додека де Армас носела слична комбинација од црни фармерки и бела маица.

Двојката со авион пристигнала во градот откако присуствувале на концертот на „Оејзис“ на стадионот Вембли во Лондон во петокот (25 јули).


Еден месец претходно, Круз и де Армас беа фотографирани како се релаксираат на луксузна јахта во близина на Менорка, Шпанија. Актерската двојка за првпат беше видена заедно во февруари.

Во текот на годината, Круз и де Армас се појавија заедно во јавноста неколку пати, од излегување во Лондон до заедничката работа на филмот „Подлабоко“ (Deeper).

Според странските медиуми, двојката веќе направила сериозен чекор, вселувајќи се во заедничка куќа во Вермонт.

Извори блиски до актерката открија дека таа неодамна го напуштила својот стан во Њујорк и решила да го напушти градот во потрага по помирен живот, а сè се совпаѓа со продажбата на нејзиниот луксузен стан во Њујорк за дури 3,5 милиони долари.