[ВИДЕО] Хамилтон воодушевен од "Ferrari F80": „Најбрзиот патнички автомобил што сум го возел“

Точка

20/06/2025

19:48

571

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека ужива повеќе отколку во болидот од Формула 1.

Уште првиот ден како дел од "Ferrari", Луис Хамилтон позираше пред седиштето на компанијата во Маранело, покрај легендарниот "F40". Наскоро потоа, седумкратниот шампион во Формула 1 откри дека планира да создаде модерна верзија на последниот "Ferrari" кој лично го одобрил Енцо Ферари.

Но, пред да пристигне фамозниот „F44“ како омаж за „Ил Комендаторе“, Хамилтон реши да го тестира најновиот хиперавтомобил на "Ferrari" — "F80" — надвор од своите работни обврски.

"Ferrari" го повика 40-годишниот британски возач да го испроба "F80" на прочуената тест-патека Фиорано во Италија.

На тестирањето му се придружи и неговиот тимски колега, Шарл Леклер. Очекувано, двајцата беа воодушевени од најмоќниот сериски модел во историјата на брендот.


Хамилтон изјави дека тоа е „најбрзиот патнички автомобил во кој некогаш седнал“, што е значајно, имајќи предвид дека досега го возел и "Mercedes-AMG One" – актуелниот рекордер на Нирбургринг со мотор директно изведен од Формула 1.

Ветеранот на Ф1 дури изјави дека размислува да го купи: „Морам да си порачам еден ваков.“


Иако сите 799 примероци се веќе резервирани, тешко е да се замисли дека "Ferrari" нема да му најде еден, доколку навистина посака.

Хамилтон додаде и дека ова е „најбрзиот патнички "Ferrari" што некогаш бил произведен“, потенцирајќи дека никогаш претходно не возел нешто слично на јавни патишта.

„Ова е сосема ново ниво“, рече Хамилтон.


Тој е познат љубител на егзотични улични автомобили, поседува и "Pagani Zonda", за која порано изјави дека е „ужасна за возење“, но дека има најдобар звук благодарение на моќниот "AMG V12" мотор.

Новиот "Ferrari F80" има двојно помалку цилиндри, а претходни снимки од патеката во Имола покажаа дека звукот не е особено импресивен. Сепак, ентузијазмот на Хамилтон го кажува спротивното.


Неговиот тимски колега Шарл Леклер веќе претходно имаше можност да го вози "F80" веднаш по официјалното претставување на автомобилот.

Во тоа време, Хамилтон сè уште не беше член на тимот – наместо него, зад воланот беше Карлос Саинц Помладиот.

Шпанецот, кој сега вози за Вилијамс, исто така беше воодушевен од моделот, откако го тестираше камуфлираниот прототип на хиперавтомобилот.