Во ноември 2021 година, Бергузар Корел стана мајка по трет пат. По двата сина, Али и Хан, убавата Шехерезад и нејзиниот сопруг Сулејман Величествениот, (Халит Ергенч), добија ќерка која ја крстија Лејла.
На најновите објави на Инстаграм, можеме да видиме дека девојчето пораснало и ужива во летувањето со своите родители и браќа.
Инаку познатите актери ги поминуваат топлите јунски денови на дестинација која не сакале да ја откријат, но фотографиите покажуваат дека навистина уживаат.
На фотографиите кои ги објави Бергузар, можевме ја видиме и преслатката Лејла, која нејзините родители ретко ја покажуваат во јавноста. Во син фустан и со косата врзана во плетенка, девојчето, судејќи според околината, уживала на убава плажа.
Инаку една од најпопуларните турски актерки го избрала името за својата ќерка за време на втората бременост, кога била убедена дека ќе роди девојче. Бидејќи не сакала да го знае полот на детето до породувањето, била изненадена кога сфатила дека ќе мора да бара друго решение. Тогаш го добила својот втор син, Хан, а Лејла пристигнала од третиот обид.
„Таа дојде во вистинскиот момент… Штом ги отвори очите за прв пат и погледна во животот, сфатив дека од сега па натаму сè нема да биде под моја контрола“, напиша Бергузар на Инстаграм откако ја роди ќерката.
„Како да сум истрчала долг и напорен маратон… Малку сум изморена, малку загрижена, многу збунета и многу среќна. Фала му на Бога и Лејла и јас сме добро. Сакам да им се заблагодарам на сите за убавите желби, молитви и пораки. Тие нѝ дадоа сила. Ви благодариме за сè“, напиша емотивната Шехерезад.
Инаку, третото породување на Корел не поминало лесно.
„Приказната на Лејла е уникатна од првиот момент. И покрај силните болки, кога излегував од домот, реков: „Ова девојче можам да го родам дури во десет часот наутро“. Кон крајот на четириесеттата недела, докторот ми рече: „Постои причина зошто бебето сè уште не дошло на свет, можеби папочната врвца ѝ е кратка“. Времето минуваше, моето тело беше подготвено, но таа не се појавуваше… По 11 болни часа, Лејла се роди точно во времето што претходно го реков, во десет часот наутро, со папочната врвца обвиткана околу вратот. Конечно можев да ја прегрнам нашата ќерка… Имав среќа што за мене се грижеше прекрасен и искусен тим лекари, кои го ставаат здравјето на мајката и детето на прво место. И‘ советувам на секоја жена, на секоја идна мајка, да избере такви доверливи луѓе“ напиша актерката на Инстаграм.